Епидемиологот Никола Пановски за емисијата „Топ тема“, ја објасни разликата меѓу брзите тестови и ПЦР-тестовите.
„Скоро никогаш, брзите тестови на здрави луѓе не даваат позитивни резултати, бидејќи се антигенски тестови и треба неколку илјади честички да има во носот за да покажат позитивен резултат. За разлика од нив, кај ПЦР-тестовите е недостаток што и кај здравите лица, дури и без симптоми, може да покаже позитивен резултат, а тие да не се инфицирани“, посочува Пановски.
Според него, со доцнењето на мерките се покажаа големи бројки на заразени, посебно со работењето на кафеаните, кои беа жариште на британскиот сој.
„Со овој сој може да се заразите и на 6 метри во затворени простории, маските не штитат. После тоа придонес имаше и јавниот превоз итн. Мислам дека 10 проценти од колективниот имунитет кај нас е од вакцинираните, посебно од тие во странство, но и на вакцинацијата на здравствените работници. 10 проценти отпаѓа и на топлото време, затоа што луѓето сега се повеќе се движат надвор“, вели Пановски и додава дека знае лица што од месец март се лечат од вирусот.
„Сменил четири болници и уште е жив, а се наоѓа на болничко лекување“, изјави тој.