Малку неверојатно е да се погоди тој сој на вирус. Ако е тој во декември, логично е да бил присутен и во ноември, сметам дека овде треба МНАУ да потврди, вели професор др. Никола Пановски микробиолог.
Тој вели дека со вакви податоци не треба избрзано и предвремено да се информира. Во однос на вакцините Пановски вели дека неофицијално има податок, не од кинеска влада, туку од фирма која ја има на порака дека му се понудила на министерството пред 45 дена предлог за Синовак вакцината да се донесе за 15 дена.
-Цените се интересни. Ако сакате да купите во декември, треба да платите повеќе.Можеби е добро кој ризикува да ги купи овие вакцини, но ова е неофицијално, а вакцината чини 43.4 долари, две дози се 90 долари, Синофарм е преку 100 долари две дози, Фајзер е 40 долари, Спутник е 20 долари, Модерна е 66 долари, АстраЗенека е 8 долари, значи сите по две дози и Џонсон и Џонсон е 10 долари и се дава само една доза, вели Пановски и додаде дека веднаш би се вакцинирал со првата вакцина која би дошла кај нас.