Пановски: Кога би бирал меѓу ковид и ангина, сега би одбрал ковид

од Stefanija Kuzmanovska

Проф. д-р Никола Пановски во изјава за „Сител“ им порача на заболените со ковид-19 повеќе да не трошат пари за тестирања, бидејќи тоа повеќе не е потребно.

Микробиологот вели дека во моментов бројот на заболени е 10 пати поголем од официјалната статистика, а многу од младите не ни знаат дека биле заразени.

„Нема потреба граѓаните сами да се тестираат и да прават трошоци, туку да се изолираат неколку дена. Нема никаков ефект освен финансиска загуба од тестирање, иако е точно дека некои бараат изолација за да добијат боледување. Кога би бирал меѓу ковид и ангина, сега би одбрал ковид. Така да мислам дека тестирањето не значи ништо“, рече Пановски.

Тој се согласува дека не треба да се враќаат дел од задолжителните мерки и дека граѓаните се веќе свесни за сопствената заштита.

Слични содржини