Мајмунските сипаници не заслужуваат никакво внимание освен научно истражувачко и епидемиолошко значење. Мајмунските сипаници се покс сипаници. Тоа се кога излегува меурче. Ова со децении трае, вели проф. д-р Никола Пановски во Утрински Брифинг.
Овој вирус спаѓа со вариола вера, појаснува Пановски напоменувајќи дека таа може потешко да се рашири споредувајќи ја со ковид-пандемијата.
-Никој во Европа се уште не умрел од мајмунските сипаници, додава Пановски.
Во врска со пандемијата Д-р Пановски напомена дека варијантите кои се појавуваат на омикрин се со поблаги симптоми.
-Не би требало да има нов бран. Варијантите кои се појавуваат на омикрин се со поблаги симптоми. Населението и со вакцините и со прележување стекна имунитет. На есен и да има нов бран нема да има 50 туку 200 случаи и тие ќе бидат полесни, кажа микробиологот.