Пановски: Очекував ваквите високи бројки да растат во ноември

од Nikola Popovski

Проф. д-р Никола Пановски за емисијата „Само вистина“ изјави дека очекувавме вакви бројки на заразени некаде кога временски ќе залади.

„Освен денес наутро, ние постојано имаме топло време. До некаде има влијание и отворањето на градинките. Лично очекував вакви бројки да растат во ноември. Сепак, бројот на смртни случаи е апсолутно загрижувачки и сега доаѓа дека треба да се радуваме на 5 смртни случаи, затоа што бројката во просек на дневно ниво е повеќе од 5“, вели Пановски.

Според него, доцното јавување во болниците е една од причините за големата смртност.

„Исто така и можната децентрализација на лекување. Главно досега медицината се одвивала во Скопје и за банални работи луѓето се праќале овде, а не па сега за ваква смртоносна болест. Порано се кажуваше каде умираат во која болница, сега се кажува само дали е во болнички или вон-болнички услови. Начинот на лекување не го знам, но бидејќи се занимавам со антибиотици слушам дека на сите пациенти им даваат по 2-3 вида на антибиотици, како за сите болести. Не може пациентите со Ковид да се лечат на ист начин како тие со сепса“, смета Пановски.

Слични содржини