Пановски: Покрај полицискиот час, би вовел да се носат само хируршки маски од типот „N-95“

од Nikola Popovski

„Ова е Европа не можете да ги затворите луѓето, тие сакаат слободно да живеат. Според мене, сега карантинот и рестриктивните мерки имаат многу голема логика во Израел, Србија, Велика Британија, САД, кај што има вакцини“, вели микробиологот Никола Пановски за емисијата „Вин-вин“.

Според него, мерката полициски час тој ја предложил 10 пати во есента, кога бранот бил посилен отколку сега.

„Ако имате протести, собирање на луѓе, ќе придонесете за ширење на вирусот. Сметам дека оваа мерка е добра и не влијае на економијата. Како таква, јас би вовел и да не се носи платнена маска, туку хируршка N-95“, истакна Пановски.

Слични содржини