Д-р Никола Пановски смета дека новите предлог-мерки против Ковид-19 што ги најавува Министерството за здравство, се еден вид кампања за . присилна вакцинација и ги ограничува правата на граѓаните
-Не знам што останавме без такви кампањи. Ова е присилна вакцинација и ги ограничува правата на граѓаните. Европскиот суд за човекови права вели дека тоа може да се направи, но прво мора да има закон. Постојат задолжителни вакцини за здравствените работници, кои што не ги примиле сите и никој не бил казнет или опоменат. Постојат протоколи за специјални професии. Спорно е зошто овие мерки ќе важат само за јавните установи. Треба за сите да бидат. Некој работи во ЕСМ и Водовод и треба да прими вакцина, а некој работи во Т-Mobile и не мора да прими вакцина. Мерките не треба да бидат пререстриктивни, ако нема потреба, потенцира Пановски во емисијата „Само вистина“.
Според него, само во Македонија се ограничуваат луѓе кои вистински прележале и имаат антитела.
-Колку починаа од прележаните – 8. Колку починаа од комплетно вакцинираните, кои нели имаат 5,5 повеќе пати антитела – околу 400. Разликата е таа. Имунитетот на вакцината трае 6 месеци, но исто и од прележувањето. Не викам да не се вакцинирааат и ги повикувам тоа да го сторат. Но не може да се ограничуваат прелажаните. Ниту еден од тие што прелажале не се заразиле повторно во првите 6 месеци. Реткост е значи, истакна Пановски.
Според Пановски, во очекување на новиот бран, за што зборуваше и Филипче, потребно е да се преземат неколку мерки, а една од клучните е затворање на училиштата и преминување на онлајн настава.
-Знаете ли вие колку е еден отсто од 240 000 деца? (толку според Пановски во Македонија има ученици, иако нивната бројка е 265 000). – Тоа се 2 400. Ако Македонија има 8 400 активни случаи, а од нив се 2 400 се деца, тоа е огрмона бројка, рече Пановски.