298
Микробиологот Никола Пановски за Канал 5 телевизија вели дека поради сосотојбата тој препорачува воведувањето на полициски час.
– Од прилика 370 проценти од соевите на вирусот што кружат во светот имаат таква мутација која му ја зголоемува трансимисивноста. Така што тоа е едно објаснение зошто во целиот свет се зголемува бројот, особено во Европа. Второто објаснение е есента која е позната по респираторните инфекции, луѓето се прибраа внатре и многу полесно ја шират болеста отколку надвор и затоа за 5-6 пати веднаш се зголеми бројот. За жал овој рекорд од вчера ќе биде краткотрае, да очекуваме дека ќе има и поголеми бројки, вели Пановски.