Пановски: Тестовите се безобразно скапи, посебно по приватните клиники

од Nikola Popovski

Епидемиологот Никола Пановски за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека е добро ова што на 10 дена ги пуштаат асимптоматските случаи, односно 9 дена без тестирање, бидејќи не треба да го заборавиме и економскиот момент.

„Овој тест е безобразно скап, скап и како произведен 20 евра, а тоа што се наплаќа по приватните болници е уште побезобразно. Благодарност до оние што донираат, но премногу е тест од 100 евра за еден организам“, смета Пановски.

Тој изјави дека апсолутно нема потреба кога човек е сам на улица да носи маска.

„Ако сте на личност со поблиску до два метри. На корзо во Охрид треба маска, но не ставаат. Но кога сте сами, нема потреба од маска“, рече Пановски, со што тој не се согласува со најавите на министерот за здравство Венко Филипче, кој најави дека ако се влошува епидемиолошката состојба, ќе се воведе задолжително носење маски и на отворен простор и додека сте сами.

Слични содржини