Младите не се тестираат и користат фалсификат сертификати, па се добиваат нереални бројки во однос на позитивните, вели доктор Никола Пановски, кој беше гостин на Утринска на Телма.
Пановски истакна дека во време на пандемијата сите треба да се лекуваат во јавно здравство, без оглед на тоа дали се или не осигуреници на фондот.
При ваква состојба во здравството, во време на пандемија, Пановски смета дека е несериозно да се менува актуелниот министер за здравство Венко Филипче.
-За мене човекот е непозант.Не знам дали има искуство во јавното здравство.Доаѓа во ек на пандемија и е несериозно да се стави човек кој треба да се снајде, многу е важно каков тим ќе има меѓутоа без разлика што сум критикувал и ќе критикувам оваа промена не требаше сега да се направи.Башка не е доктор тој е стоматолог, не знам зашто мораше тука да се направи промената, вели Пановски.