245
„Сега е пооптимистички. Се надевам дека двата бранови што се случија во Македонија нема да се повторат, такво цунами повторо да ни се врати. Идеално е времето за вакцинација“, вели епидемиологот и професор Никола Пановски за емисијата „Топ тема“.
Според него, тој не очекува пандемијата да прекине одеднаш, туку да има спорадични епидемии некаде во светот.
„За несреќа, ние сме од тие земји што поминаа многу страшно. Сметам дека вирусот ќе се шири уште и тоа претежно во африканските земји. Очекувам да биде сезонска болест и претпоставките се дека ќе има ревакцини и понатаму. Исто така, очекувам да починат и факултетите и училиштата од 1-ви септември. Ќе видиме како ќе биде, самата состојба на терен ќе покаже“, потенцира Пановски.