Ако слушнам од медиуми дека сум член без да бидам консултиран, веднаш би одбил. Ако бидам викнат на разговор, имам свои услови, па ако истите бидат прифатени би прифатил и јас. Прв услов, укинување на сертификатите, вели во изјава за „Локално“ др.Никола Пановски во врска со предлогот на Либерално демократската партија тој и доктор Драган Даниловски да бидат нови членови на Комисијата за заразни болести.
Доктор Пановски вели дека не знае дали е разговарано во ИО во партијата бидејќи тој не е челн.
-Инаку, на Централен одбор многу лица дискутирале позитивно за мојата работа и се чуделе зошто не сум искористен од Владата и МЗ. Едноставно тоа им било несфатливо, вели микробиологот кој е дел од Советот на Град Скопје од редовите на ЛДП-ДОМ.
За тоа дали би ја прифатил понудата да биде член на Комисијата за заразни болести, Пановски вели дека доколку добие понуда и биде повикан на разговор ќе ги постави своите услови.
-Зависи, значи ако чујам од медиуми дека сум член, без да бидам консултиран, веднаш би одбил. Ако бидам викнат на разговор, имам свои услови, па ако истите бидат прифатени би прифатил и јас. Прв услов, укинување на сертификатите, вели докторот, додавајќи дека не е информиран за работата на Комисијата за последниве 9 месеци.
-Дали таа не работела или работела, а Владата не ја слушала и тоа не знам. Во секој случај, за работа на Комисијата, јавноста до сега се изјаснила, а и бројките, особено летото, заедно со смртните случаи, најдобро зборуваат, вели микробиологот.
Либерално демократската партија денеска излегоа со предлог доктор Никола Пановски и доктор Драган Даниловски да бидат нови членови на Комисијата за заразни болести
– Во Комисијата за заразни болести треба да членуваат стручњаци кои недвосмислено ќе можат да се носат со сите предизвици на ковид пандемијата и да предлагаат мерки за заштита на населението од заразни болести поттикнати пред се од епидемиолошката состојба во земјава, а не од какви било политички влијанија или калкулации, порачаа од ЛДП.
Б.М.