Папата Франциск побара да не се протеруваат монасите на Украинската православна црква

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск денеска повика на „почитување“ на верските објекти во Украина, посочувајќи дека монасите во манастирите на Украинската православна црква (УПЦ) се соочуваат со иселување.

Украинските власти ѝ дадоа рок на УПЦ до 29 март да го пресели своето седиште надвор од комплексот Киевска Печерска Лавра, што е последен во серијата потези против црквата за која властите во Киев тврдат дека е проруска и соработува со Москва, пренесува „Ројтерс“.

Осврнувајќи се на манастирот Лавра, папата побара од „завојуваните страни во Украина да ги почитуваат религиозните места“ и ги поздрави луѓето кои го посветуваат својот живот на молитва, „без оглед на нивната вера“.

Слични содржини