Папата Франциск денеска изјави дека се моли за сите кои се наоѓале во бродот со мигранти кој доживеа бродолом во близина на јужниот дел на Италија, во кој загинаа повеќе од 40 луѓе.
„Со тага слушнав за бродоломот на брегот на Калабрија, во близина на Кротоне. Веќе се пронајдени 40 жртви, од кои многу деца“, рече папата Франциск во неделното обраќање пред верниците на плоштадот Свети Петар.