Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, кој се наоѓа на пат за Куба каде ќе се состане со рускиот патријарх Кирил, изјави денеска дека во своето срце ги носи Русија и Кина.

Папата Франциско направи голем чекор кон унапредувањето на односите со Руската православна црква со состанокот со патријархот Кирил, а сега се поставува прашањето кога ќе ја посети Русија, оценуваат медиумите.

papa

Тоа и всушност го прашаа новинарите во авионот.

– „Кина и Русија ги имам овде“, рекол папата покажувајќи со раката кон срцето, пренесува Танјуг.

Авионот од компанијата „Алталија“ со папата и неговата придружба тргна утрово од аеродромот во Рим.

Расипничкиот живот на патријархот Кирил

Се очекува дека папата Франциско и патријархот Кирил ќе поминат околу два часа во приватен разговор на аеродромот „Хосе Марти“ во Хавана.

Тоа ќе биде прв состанок меѓу поглавар на Римокатоличката и најголемата православна црква уште од Големиот раскол во 1054 година, кој ги обликуваше модерната Европа и Блискиот Исток.

По Хавана, папата ќе го посети Мексико, и во Рим ќе се врати на 18 февруари./МИА

Слични содржини