Папата Фрањо ја обележа претстојната 2021 година како година посветена на семејството

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск денеска ја обележа претстојната 2021 година како година посветена на семејството и повика да се обрне внимание на содржината на неговиот, според некои, контроверзен документ од 2016 година, кој се однесува на семејниот живот.

Папата рече дека годината на семејството ќе започне на 19 март, на петтата годишнина од неговиот документ „Радоста на љубовта“. Меѓу другото, документот ја отвори вратата на разведените парови, но и на оние кои повторно се венчале само пред матичар, да се причестат, што предизвика критики од некои верници, а поконзервативните членови на Римокатоличката црква тврдат дека овој документ е ерес.

Папата им се обрати на верниците од катедралата преку видео врска, и им даде пријателски совет на семејствата каде што се чести кавгите и ги потсети да кажат „прости ми, благодарам и извини“ секој пат, по расправија, и никогаш да не легнуваат без помирување.

„Бидејќи Студената војна следниот ден по кавгата е опасна“, рече папата.

Слични содржини