Папата Фрањо претвори своја летна резиденција во музеј

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Историската приградска резиденција на поглаварот на Римокатоличката црква Кастел Гандолфо во истоименото гратче над живописното езеро Албано, ќе се претвори во музеј, барем за време на понтификатувањето  на  папата Францис.

papa

Како што пишува весникот “Ла Република”, папата се откажал од познатиот дворец со голем парк, каде сакаа да  ги поминуваат летните месеци неговите претходници. Од 21 октомври сите соби на дворецот ќе се отворени за посетителите. Впрочем папата  од 1 март 2014 година за пошироката публика ја отвори градините на Апостолски палата во Кастел Гандолфо. Зоната на летната папска резиденција зазема педесет и пет хектари и се наоѓа во римската провинција Кастели Романи (во буквалњен  превод – Римски замоци), која е дел од екстратериториалните површини на Светата Столица во Италија. Тие се обезбедени на Светата Столица според Латеранскиот договор од 1929 година, ди  претставуваат приградски резиденција на папи уште од времето на Урбан VIII, (17 в.). Во градините “Барберино”, кои до денес беа малку познати, можат да  се видат  исклучителни природни и археолошки знаменитости: Градината на Магнолијата, Патеката на розите, Патеката на ароматични билки, Патеката на нинфеите, градината “Белведере”.480px-castel_gandolfo

Во близина на вила “Барберино”, со поглед на езерото Албано, се наоѓа вилата на император Домициан, исто веќе достапна. Посетителот ќе може да се втопат во урнатините на царскиот театар. Од плоштадот “Куадрато” или од градините “Белведере”, пак, се открива неверојатна глетка кон областа Лацио, та дури до сината линија на Јадранското Море.