Папата Франциск доби македонски дрес од Пендаровски

од Nikola Popovski
327 прегледи

„Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица“, објави претседателот Стево Пендаровски по средбата со Неговата светост Папата Франциск.

Пендаровски додава дека ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното ЕУРО.

„Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство“, стои во објавата на претседателот.

Пендаровски денес ќе оствари средба и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин, а потоа во базиликата „Сан Клементе“ ќе положи цвеќе на гробот на Свети Кирил. Во попладневните часови, Пендаровски заедно со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, ќе ја посетат базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Слични содржини