Папата ќе ја посети Македонија во мај

од desk2
81 прегледи

Владата соопшти дека папата Франциск ќе допатува во Македонија на 7 мај следната година. Претходно, минатиот месец италијанските медиуми ја објавија веста за посетата на папата во земјава, но досега немаше потврда од страна на католичката црква и властите.

„Папата ќе го посети градот Скопје – родниот град на света Мајка Тереза“, велат од владината прес-служба и додаваат дека целата програма за посетата ќе биде дополнително објавена.

Пред посетата во Македонија, папата ќе оствари апостолско патување во Бугарија од 5 до 7 мај, каде што ќе ги посети градовите Софија и Раковски.

Ова ќе биде прва посета на поглавар на Римокатоличката црква на Македонија.