Славниот пар е во врска веќе неколку години, а за нив може да се каже дека се еден од нанетипичните холивудски двојки, бидејќи ретко се експонираат во јавноста со својот животен стил.
Нив ретко ќе ги видиме на големите гала-забави кои ги подготвуваат други славни личности. Живеат во неговиот стан во Лос Анџелес, јадат органски зеленчук кој се одгледува во нивна градина, а често се присутни на протести за правата на животните.
Иако не сакаше да ја коментира свршувачката, Феникс, наводно, ѝ предложил брак на Мара минатиот мај по тригодишна врска. Според странските медиуми, свадбата ќе биде интимна за мал круг луѓе.
По оскаровската церемонија, наместо да заминат на забава, Феникс и Мара се фотографирани како јадат вегански бургери седнати на скали. Покрај нив е и статуетката која тој ја доби за Најдобра машка улога за филмот „Џокер“.