„Паразит“ вистински хит на бокс-офисот по победата на Оскарите

од Elena Daskalova
381 прегледи

Јужнокорејскиот филм „Паразит“, кој на минатонеделните Оскари беше апсолутен победник, сега руши рекорди како странски филм на американскиот бокс-офис.

До Оскарите, во САД, „Паразит“ имаше заработено 5,5 милиони долари, а по победата во само една недела заработи 8,8 милиони долари. Во последнава недела заработи и дополнителни 12 милиони долари глобално.

Според „Вараети“, тоа е зголемување на профитот за 234%, што е рекорд кога е во прашање постоскаровска заработка на некој филм. Досега тој рекорд го држеше „Green Book“, кој по Оскарот, го зголеми профитот за 121%.

Буџетот за снимање на „Паразит“ изнесувал само 11 милиони долари, за разлика од своите конкуренти во сите категории каде беше номиниран, чии продукции чинеа стотици милиони долари.

Слични содржини