Граѓаните на Хрватска добија можност да подигнат пари од банкомат без картичка, со користење мобилен телефон.

Хрватската поштенска банка прва во Хрватска ја претстави услугата е-готовина, подигнување пари на банкомат без картичка.
Услугата на корисниците на мобилно банкарство им овозможува едноставно подигнување готовина на 344 банкомати низ Хрватска од Хрватската поштенска банка, со внесување код од мобилната апликација.
„Технологијата ги менува животите и бизнис потребите, а ние сме подготвени да понудиме нови, модерни услуги важни за нашите клиенти“, вели Младен Мрвењ, член на Управата на HPB задолжен за информатика.
За користење на услугата доволно е да се пријавите на мобилната апликација на банката, да одберете износ и еднократниот код да го внесете во банкоматот.
Најавено е дека услугата е – готовина на почетокот на 2018 година може да биде проширена и со опција за брзо праќање пари на друго лице само со бирање контакт од телефонскиот именик.