Пари од Министерство за култура добиле и фирми формирани два дена пред објавување на конкурсот

од desk4
254 прегледи

„Макфакс“ при проверката на компаниите што аплицирале и добиле пари за проекти пронајде повеќе недоследности. Повеќето од фирмите, претежно оние од Тетово што добиле парични средства, се формирани неколку дена или неколку месеци пред отворањето на конкурсот.

Па, така, продукцијата „Меденица“ ДООЕЛ увоз – извоз Скопје на огласот има добиено 1,7 милион денари. Според податоците од Централниот регистар, продукцијата била формирана лани на 27 септември, а конкурсот на Министерството беше распишан на 29 септември, што значи дека фирмата е основана два дена пред отворањето на конкурсот.

Оваа фирма добила пари за два проекта, но за три ставки. За проектот Come fly with me by Pavle Kamilovski на продукцијата ѝ се одобрени 900.000 денари, а за проектот „Мала Италија патува“, пак, добила 600.000 денари и дополнителни 200.000 денари за истиот проект, но во делот „меѓународна соработка“.

Сопственик на „Меденица“ е Павле Камилоски за кој во медиумите може да се прочита дека од келнер на брод, каде што почнал да пее за своја душа, почнува да навлегува во оперската кариера.

На списокот со добитници формирани лани е и здружението за култура и наука „Арс Албаница“ од Тетово, кое исто така има два одобрени проекта. 200.000 денари добиле за проектот „Огниште на сеќавањето“ и уште 168.000 денари добило здружението за печатење три броја од списанието „Арс Албаница“.

Во август минатата година, еден месец пред објавувањето на конкурсот, формирано е и здружението „Оп-лека“ од Тетово за манифестацијата „Тетово пее“, која ќе чини 100.000 денари.

 

Асаф Адеми: Ако треба ќе поднесам оставка

Повеќе на „Макфакс“ на следниот линк.

Слични содржини