Паричката падна кај Заев

од Vladimir Zorba
462 прегледи

Ќерката на Зоран Заев, Александра на Инстаграм сподели фотографија на која се гледа како премиерот ја покажува паричката што му паднала во лепчето.

Православните христијани вечерва го празнуваат Бадник.

Заев во денешната честитка посака да се исполниме со радост и надеж и да ги празнуваме Бадник и Божик како одговорни граѓани на безбеден начин без при тоа да ги загубиме меѓусебната љубов, блискост и поврзаност.