Парис Џексон за филмот за нејзиниот татко: Смирете се

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Емитувањето на филмот “Да го напуштиш Неверленд” предизвика контроверзни реакции кај јавноста. Откако стана јасно дека ќерката на Мајкл Џексон – Парис, се грижи како тој ќе ѝ влијае на кариерата, таа се обиде да се заштити во социјалните мрежи.

“Запалете си еден џоинт и смирете се малку. Држете се до големата слика “, напиша младата актерка на Твитер. Нејзиниот коментар предизвика гнев на многу фанови.

“Големата слика е дека името на татко ти е извалкано и никогаш нема да биде исчистено. Мајкл Џексон е уништен засекогаш “, коментира еден следбеник.

“Дали таблоидите ја даваат големата слика? Јас ќе се молам за вас! И дали навистина мислите дека оние луѓе кои ќе ја сопрат неговата музика и го обвинуваат, може да го избришат неговото име? Дали навистина верувате дека имаат некаква шанса? Смирете се “, продолжува Париз.

Откако им кажала на обожавателите да се смират, таа, очигледно, исто така, имала потреба од нешто слично затоа што објави видео на кое пуши бонг. Не е јасно дали клипот е направен за да ги поттикне навивачите да ја критикуваат актерката.

Пред излегувањето на филмот за Џеко, Парис ги демантираше тврдењата во медиумите дека била во болница, бидејќи има проблеми со психата.