Парис Хилтон нема време за љубов

од desk4
140 прегледи

Парис Хилтон “нема време за љубов” во моментов, соопштува “Контакт мјузик”. 

38-годишната риалити ѕвезда и наследничка на хотелскиот синџир “Хилтон” по  раскинување на свршувачката со Крис Зилка во ноември минатата година паузира со емоциите – само 11 месеци откако 33-годишниот актер и предложи брак.

Сега Париз тврди дека е премногу зафатена да обрне внимание на нејзиниот љубовен живот.

“Сега нема слободно време за љубов. Едвај наоѓам време за мене. Постојано патувам и никогаш не сум дома. Се фокусирам на себеси, на мојот бизнис и на моите пријатели “, рече Хилтон.

Таа, сепак, не е премногу загрижена за наоѓање на човек. Парис изјави дека кога ќе дојде време околу неа секогаш има “доволно” мажи, од кои може да избира, но инсистира дека совршен маж треба да е некој на кого може да му се довери и да е лојален само ко неа.