Актерот Џони Деп, без најава, облечен како ликот на Џек Спероу ги посети децата болни од рак во Институтот Кири во Париз.

Институтот објави фотографија од Деп како разговара и се фотографира со децата и медицинскиот персонал.
„Овој подарок ги развесели пациентите, семејствата, медицинскиот персонал, докторите и научниците. Голема благодарност до Џони Деп за неговото време, утехата и енергијата“, гласи во твитот објавен од Институтот Кири.

Детскиот оддел за онкологија, Париз
Ова не е прв пат актерот на овој начин да им го разубави Божиќ на децата кои лежат во болница тој период, далеку од семејството и пријателите.

Мината година Деп ги посети децата во Канада, а пред тоа беше во Лондон и во Бризбен, Австралија.
https://www.instagram.com/p/Br535AcAWLF/?utm_source=ig_embed