Париз: Русија намерно ја загрозува глобалната безбедност на храната

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Во средата Франција ја обвини Русија дека „намерно“ ја загрозува глобалната безбедност на храната со уништување на клучната инфраструктура за извоз на жито

„Русија со зголемување на цените на земјоделските производи поради нејзините потези и обиди да ги спречи нејзините конкуренти да извезуваат сопствени земјоделски производи, гледа само на сопствените интереси, на штета на најранливите земји“, рече Ен-Клер Лежандре, портпаролката на Министерството за надворешни работи.

Украинскиот министер за инфраструктура Олександер Кубраков изјави дека речиси 40.000 тони жито наменето за извоз биле „оштетени“ во руските напади врз украинските речни пристаништа на Дунав.

Кубраков тврди дека Русија гаѓала магацини и силоси со 40.000 тони жито наменето за африканските земји, Кина и Израел.

Франција, рече Ен-Клер Лежандре, ќе продолжи да обезбедува помош во храна за земјите кои се најпогодени од проблемот со безбедноста на храната, кој, како што тврди таа, е резултат на руската агресија врз Украина.

Таа го осуди руското бомбардирање на цивилната инфраструктура, што, како што рече, „претставува кршење на меѓународното хуманитарно право“.

Слични содржини