Францускиот главен град Париз се мобилизира за да ги оддржи традиционалните демонстрации за 1-ви мај, објави парискиот весник.
Властите очекуваат околу 2.000 екстремни радикали да се обидат да предизвикаат судири со полицијата за време на маршевите.
За таа цел, владата мобилизираше најмалку 7.400 полицајци и жандарми. Тие ќе бидат лоцирани на клучни локации за да се спречат ексцеси.
Претседателот Емануел Макрон побара силите за спроведување на законот да се воздржат од судири и насилство за време на демонстрациите на 1 мај.