Паркираните автобуси го парализираа сообраќајот кај Влада

од Берта Китинска

Град Скопје и раководството на ЈСП „Скопје“ и денеска оставија неколку автобуси денеска паркирани пред зградата на Владата со цел инситуциите кои му должат пари на претпријатието, Министерството за образование и општините, да го подмират долгот.

Претседателот на синдикатот на ЈСП, Миќо Стојановски вчера информира дека пред Владата има петнаесетина двокатни автобуси и тие се таму по налог на градоначалничката Данела Арсовска.

Тоа е еден вид притисок врз Владата за што побрзо да реши тој нивен клинч околу долговите што Владата ги има кон ЈСП за блок дотации за превозот на средношколците и студентите во Градот Скопје, рече тој во емисијата „24 анализа“.

Тој додаде дека возачите се вратиле на своите работни места по одлуката на Советот на Град Скопје и договорено е како понатаму ќе тече финансиската инјекција кон ЈСП Скопје.

Претходно заменик-градоначалникот на град Скопје Александар Трајановски најави дека автобусите ќе останат на „Илинденска“ сѐ до исполнување на нивното барање.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи жали за состојбите во ЈСП Скопје и како што вели, неможноста Градот Скопје да одговори на уште една јавна услуга на која е обврзан.

Паркираните автобуси утринава го парализираа овој дел од градот.

Слични содржини