ПАРЛАМЕНТ !Ќе има ли денеска гласање или само продолжение ?

од Vladimir Zorba
177 прегледи

 

Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи десетто продолжение на конститутивната седница на која треба да се изборат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Дебата е блокирана  со кршење на деловникот од страна претседавачот Трајко Вељановски и пријавените за збор реплики и контрареплики на пратениците на ВМРО ДПМНЕ, кои преку настапите од говорница терат предизборна кампања и го напаѓаат СДСМ за т.н „тиранска платофрма“.

СДСМ преку процедурални забелешки возвраќа за криминалите на СДСМ, а Трајко пак не сака да прифати да се пресококне оваа блокирана точка и не дозволува, по ниедна цена ,од парламентарното мнозинство да биде се изгласан и избран  претседател на парламентот.

Всушност ВМРО ДПМНЕ преку манипулациите на Вељановски не сака да дозволи да се избере ниту претседател , ниту влада и бара нови избори и не отстапува од оваа блокада. Според нивтоа можат да го влечат и со месеци и ако треба со години, бидејќи владата сепак си тера тендери и е во нивни раце, ним не им се брза, а и не им одговара да бидат опозиција.

За оваа недела се најавува пресврт на заглавената ситуација од парламентарното мнозинство, а власта на заминување преку Никола Груевски повикуваат на жесток отпор и ги повикуваат своите истомисленици, ако треба насилно да влезат во парламент, и спречт формирање на институциите на државата од коалаицијата: СДСМ ДУИ БЕСА И Алијанса на Албанците.

Потсетуваме дека согласно договореното, Комисијата која всушност е точка на дневен ред  ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.

За членови од ВМРО-ДПМНЕ се предложени Илија Димоски, Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.

На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија што е следната точка на дневниот ред , за која е блокадата  не се дзволува нејзино изгласување на веќе дефинираното парламентарно мнозинство.