Парламентарното мнозинство ќе чека државниот обвинител Марко Зврлевски да си даде оставка, но ако до тоа не дојде, тој ќе биде разрешен.

„Ако не си даде самиот оставка на функцијата, бидејќи е еден од најодговорните за толеранција на криминалот со кој е опустошена Македонија од криминалната банда на ВМРО-ДПМНЕ собрана околу лидерот и експремиер Никола Груевски, како и за непреземање ама баш ништо за масовното кршење на човековите слободи и права и уривање на безбедносниот систем на државата со нелегалното прислушување од УБК, јавниот обвинител Марко Зврлевски ќе биде разрешен од парламентарното мнозинство“, најавуваат пратениците од СДСМ за СДК.
Извор близок до мандатарот Зоран Заев вели дека веќе се размислува за имиња за нов јавен обвинител на Македонија, кој ќе седне на местото на Зврлевски и ќе работи, како што велат, по Уставот и законите. Се размислува за имиња меѓу истакнати професори – кривичари од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и од Штуловиот факултет, но предлози има и за истакнати обвинители од праксата.