Додека за денеска се очекува големата одлука дали во овој последен ден парламентарците ќе си ја поништат одлуката за самораспуштање и ќе гласаат за нов датум , за избори колку за излез од кризата која ка тресе Македонија цела година, претседателот на собранието Трајко Вељановски за последниот ден на парламентот закажа седница на чиј дневен ред се повеќе законски решенија по скратена постапка меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лизинг.
На дневниот ред се и предлог законите за изменување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, на Законот за управување со кризи, и на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, трите по скратена постапка.Во рамките на седницата пратениците треба да расправаат и за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за возила, на Законот за минерални суровини, на Законот за јавните претпријатија, и на Законот за угостителска дејност, сите по скратена постапка.
Стејт департмент: Законодавците да ја разгледаат можноста за друг датум за избори
На седницата се уште 34 предлог закони по скратена постапка, како и шест законски решенија во прво читање, една информација и три барања за автентично толкување на закони. Очигледно е дека претседателот на парламентот Трајко Вељановски не ја видел пепораката од Стејт департменотот, или и Трајко исто како и премиерот Димитриев ќе ги игнорираат препораките на САД и ЕУ како небитни и ништожни !?
Од извори од парламентарните партии сепак велат дека до крајот на денот ќе мора да има гласање за поништување на одлуката а тоа ќе се направи со барање зад кое ќе ззасанат 20 пратеници и тогаш ќе мора да се орагнизира гласање , на кое ќе биде промовирано и ново парламентарно мнозинство, до колку ВМРО ДПМНЕ остане тврдоглаво на своите позиции. По поништувањето на одлуката за самораспуштање ќе следува утврдување на нов датим за избори кој најверојатно ќе биде 5 јуни , на што се согласни сите освен ВМРО ДПМНЕ.
Од американскиот Стеј департмент ноќеска порачаа: „Продолжуваме да ги поддржуваме напорите на Македонија за евро-атлантска интеграција. Во неделата, на 21-ви февруари, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, до Владата на Македонија ја доставија заедничката оценка околу подготовките за одржување на веродостојни парламентарни избори. Во оценката се наведува дека во моментов не постојат услови за одржување на веродостојни избори на 24-ти април. Главната точка на таа оценка е дека на Државната изборна комисија и` е потребно дополнително време да ги изврши своите работни задачи.
Бејли – Договорот од Пржино не е мртов
Подготовките за изборите не треба да се избрзуваат. Ги охрабруваме законодавците да ја земат предвид вчерашната оценка и да ја разгледаат можноста за одредување на друг датум за избори. Иако времето е кратко, се` уште има време лидерите да реагираат пред закажаното распуштање на Парламентот на 24-ти февруари, за да се обезбеди дека условите за одржување на веродостојни избори ќе бидат исполнети.
Ховит, Вајгл и Кукан во Скопје
САД, во координација со ЕУ, ќе продолжат да ги поддржуваат подготовките за избори, особено работата на Државната изборна комисија, како и потребата од итни реформи во медиумската сфера и пошироко“, се наведува во писмената изјава на американскиот Стејт департмент по повод актуелните случувања во Македонија- пренесува VOA