„Продолжуваме да ги поддржуваме напорите на Македонија за евро-атлантска интеграција.  Во неделата, на 21-ви февруари, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, до Владата на Македонија ја доставија заедничката оценка околу подготовките за одржување на веродостојни парламентарни избори.  Во оценката се наведува дека во моментов не постојат услови за одржување на веродостојни избори на 24-ти април.  Главната точка на таа оценка е дека на Државната изборна комисија  и` е потребно дополнително време да ги изврши своите работни задачи.

220222_stejt-dipartment-foto-afp_f

Подготовките за изборите не треба да се избрзуваат.  Ги охрабруваме законодавците да ја земат предвид вчерашната оценка и да ја разгледаат можноста за одредување на друг датум за избори.  Иако времето е кратко, се` уште има време лидерите да реагираат пред закажаното распуштање на Парламентот на 24-ти февруари, за да се обезбеди дека условите за одржување на веродостојни избори ќе бидат исполнети.

Ховит, Вајгл и Кукан вечерва доаѓаат во Скопје

САД, во координација со ЕУ, ќе продолжат да ги поддржуваат подготовките за избори, особено работата на Државната изборна комисија, како и потребата од итни реформи во медиумската сфера и пошироко“, се наведува во писмената изјава на американскиот Стејт департмент по повод актуелните случувања во Македонија- пренесува VOA

Слични содржини