Парламентот ќе одлучи дали ќе започнеме преговори со ЕУ, потврди Ковачевски

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел потенцира дека Собранието ќе донесе одлука дали ќе ги отпочнеме преговорите со ЕУ. Според премиерот, Собранието ќе донесе заклучоци откако Владата до пратениците ќе го достави европскиот предлог.

-Во Собранието се застапени претставници на сите парламентарни политички партии и тие таму ќе имаат состаноци на коишто ќе учествуваат нормално претставници од нивните редови и коишто треба да расправаат по однос на заклучоците во врска со европскиот предлог којшто го имаме добиено од ЕУ, изјави Ковачевски на заедничката прес-конференција во Владата.

Претходно Ковачевски и Мишел истакнале дека европскиот предлог за почеток на преговорите ги содржи сите македонски позиции и приговори, како и дека преговорите може да започнат веднаш по усвојувањето. Како што беше објавено, предлогот предвидува чист македонски јазик, еднаков на другите јазици на земјите-членки на ЕУ.

Слични содржини