Парно ќе има и за граѓаните и за градинките, вели Тренчевска

од Берта Китинска

Не треба да се плашат ниту родителите, ниту општините дека може да се доведе во случај да нема парно во градинките, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

-Парно ќе има и за граѓаните и за градинките, бидејќи Владата е одговорна, се грижиме за граѓаните и ја менаџираме енергетската криза, изјави министерката.

Тренчевска посочи дека греење за градинките и сите останати институции ќе има, како и дека градинките не се на индустриска струја, па со тоа, како што истакна, немаат големи сметки, а голем дел од нив се енергетски ефикасни, со што заштедуваат електрична енергија.

-Покрај блок дотациите за платите префрлуваме средства и за материјални торшоци, меѓутоа градинките си имаат и сопствени средства, доплатата на родителите за сместување на децата во градинките.Одговорноста за плаќањето на комуналии, вклучително и на сметките за електрична енергија е обврска на основачот, односно на општината, кажа таа.

Слични содржини