Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги предупреди сите учесници на Локалните избори 2021 се должни еден ден по завршување на изборната кампања, односно еден ден пред одржување на вториот круг на гласање – 30 октомври годинава, да изготват и до Државниот завод за ревизија, Државната изборна комисија и Државната комисија за спречување на корупцијата да достават Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања.
– Укажуваме дека Извештајот со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања, учесникот во изборната кампања е должен да го изготви на образец пропишан од министерот за финансии, односно согласно Правилникот за образецот за извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања и извештај за примени донации на трансакциска сметка за финансирање на изборна кампања, посочуваат од ДЗР.
Според нив, предлогот се однесува на оние учесници во изборната кампања кои до Државниот завод за ревизија го немаат доставено во законски пропишаниот рок или не го доставиле со пропишана содржина Извештајот со образецот за примените донации на трансакциската сметка предвиден со член 84-б став 2 од Изборниот законик.
-Предлогот содржи податоци и информации за непостапување согласно законските обврски за 84 од вкупно 122 учесници во изборната кампања, од кои 64 не го доставиле извештајот во законски пропишаниот рок, а 20 учесници не го доставиле со законски пропишана содржина.
Имајќи предвид дека согласно член 76-д од Изборниот законик, Државната изборна комисија ги исплаќа трошоците за објавеното платено политичко рекламирање врз основа на доставена фактура од страна на радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) во рок од 30 дена од објавување на конечните резултати, Државниот завод за ревизија укажува на потребата сите учесници во Изборната кампања за локалните избори 2021 година кои до сега не ги поднеле извештаите а биле должни, истото да го сторат во најкус можен рок, се вели во соопштението на ДЗР.