Партиите на германската владејачка коалиција постигнаа договор за мигрантите

од Vladimir Zorba
94 прегледи

  Партиите во германската владејачка коалиција постигнаа договор во спорот кој се создаде поради притисокот на баварските конзервативци некои мигранти да се враќаат од германско-австриската граница.

Ова синоќа го соопштил неименуван извор од коалицијата, но детали за договорот не се  соопштени.

Геманската канцеларка Ангела Меркел и лидерот на конзервативната група во Парламентот Фолкер Којдер си заминале од зградата на Парламентот малку пред 21 часот по локално време.

Меркел пред три дена на состанок со баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) успеа да постигне компромис за миграцијата кој предвидува воспоставување транзитни центри на границата на Германија со Австрија.

Од тие центри мигрантите ќе бидат вратени во земјите во кои претходно се регистрирани.