Партиите од албанскиот блок сепак го потпишале „џентлменскиот договор“, најавуваат дека нема да има Влада со партија која е против уставни измени

од Nikola Popovski
260 прегледи

Како и што претходно беше соопштено, партиите од албанскиот блок потпишале „џентлменски договор“, според кој нема да има Влада со партија која е против уставни измени. Иако немаше официјална потврда, сепак, лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа информира дека таквиот договор го потпишале неговата партија, Алијанса за Албанците, Алтернатива, БЕСА и ДПА.

Според него овој договор бил потпишан пред месец и половина, кога кај него го донел тогашниот министер за администрација, Азир Алиу.

„Беше потпишан само од д-р Таравари како претседател на Алијанса. Потпишав… Да, веднаш. Се пожали Азир Алиу дека му создаваат проблеми, заборавив и партијата на Изет. Движењето за промени. Дека му создаваат другите партии, зошто ДУИ тука, зошто таму, треба да биде на крај, тој рекол дека го направил со азбука, ако има друга формула“, изјави Ахмети во емисијата „Клик плус“.

Договорот меѓу споменатите партии предвидува дека „нема партнерство со политички партии кои се против уставните промени и против евро-атлантскиот пат на Македонија“.

Прв кој што ја начна ваквата тема беше претседателскиот кандидат Арбен Таравари. Тој пред дваесетина дена истакна дека постои „џентлменски договор со претседателот на ДУИ, ниту една албанска партија да не влезе во влада која нема гарантира усвојување на уставни измени“.

Слични содржини