Партиите потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

од Берта Китинска
220 прегледи

Pолитичките партиите денеска sо потпишување на Кодексот за фер и демократски избори, е обврзаа на демократски изборeн процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи, со цел постигнување транспарентни, инклузивни и отчетни избори.

Први го потпишаа претставниците на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Владо Мисајловски, а по нив Фатмир Бесими и Биљал Касами од ДУИ и БЕСА, Горан Милевски и Маја Морачанин од ЛДП и ДОМ, Зијадин Села и Афри  Гаши од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Кодексот го потпишаат и ДПА, ГРОМ, Демократската партија на Турците, Партијата за движење на Турците, Левица, Интегра, ПОДЕМ, на Бошњачки демократски сојуз, Титови леви сили и Зелен хуман град.

Со денешниот чин, учесниците на локалните избори преземаат одговорност дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат Кодексот за фер и демократски избори, дека ќе ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеењето и ќе придонесуваат за демократски развој на општеството. Исто така, се обврзаа дека со своите активности ќе придонесат за градењето на довербата во изборниот систем на Република Северна Македонија.

Слични содржини