Вчера првиот круг на локланите избори заврши.Додека официјално Државната изборна комисија ги објави резултатит партиите и од власта и од опозицијата прогласија победа.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев одржа прес конференција еден час после полноќ, на која соопшти дека на крајот власта ќе ги добие локалните избори и уште еднаш му порача „кочи Мицко“, исто како што порача Љупчо Николовски.
Заев кажа дека поддршката во првиот круг е сериозна и дека ќе имаат повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
„Таму каде што води ВМРО-ДПМНЕ, видете ја структурата на гласови, дека кандидатите на нашите коалициони партнери одземаат многу гласови.
Поддршката која ја добивме во првиот круг е сериозна. Тоа е обврска, и ќе ја исполниме, и нема да дозволиме некој земјата да ја враќа назад. Се на се коалциијата СДСМ влегуваат во втор круг во 36 општини плус Град Скопје. Влегуваме во борба за конечна победа. Главата горе, на крајот СДСМ ќе имаат повеќе градоначалници во споредба со ВМРО-ДПМНЕ.
Впрочем и затоа Мицкоски бараше избор на градочаланици во првиот круг, затоа што знаеше што ќе се случи во вториот круг. Огромна е коалицијата, ја обеднуваме нашата коалиција за вториот круг, и влегуваме во борба за она што крв, борба и труд го обезбедивме.“, изјави Заев.
За таа цел да ја зачуваме безбедна македонската иднина, ги повикувам сите наши поддржувачи, да излезат и да дадат поддршка за нашиот народ.
Во седиштето на ВМРО – ДПМНЕ славјето почна нешто по 22 часот кога членови, сипматизери и активисти почнаа да се собираат на платото пред влезот. Се славеа победи во 25 општини, во неколку и целосни, со завршени избори уште во првиот круг.
Во Скопје, независната кандидатка Данела Арсовска води со 2750 гласови пред Шилегов. Во повеќе од 50 општини очекуваме мнозинство во советот, вклучително и на градската листа во Скопје, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција.
Според него, партијата победила во 22 општини, а води во повеќе од 20 општини.
-Во советничките листи очекувам разликата да биде повеќе од 50 илјади гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ, кажа Мицкоски и соопшти дека може ќе формираат ново парламентарно мнозинство во меѓувреме.
Во однос на Куманово, велат дека кандидатот Тони Михајловски ќе влезе во вториот круг и дека не размислуваат се уште за друга опција.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на последната прес-конференција одржана по полноќ рече дека постојано пристигнуваат нови податоци од гласањето.
– Ќе ги чекаме записниците од општинските изборни комисии да дојдат и поради тоа ќе останеме да работиме. Првата можна прилика ќе закажеме нова прес-конференција на која ќе имаме повеќе конкретни резултати, изјави синоќа Даштевски.
До Државната изборна комисија во текот на вчерашниот ден пристигнале вкупно 286 приговори за заштита на избирачко право, од кои 217 се прифатени, 19 се одбиени, а 34 биле неосновани, а 16 приговори беа во процес на обработка.
Гласањето е завршено во сите 11 избирачки места во кои беше продолжено, за толку колку што беше прекинот.
ДИК на последната прес-конференција не изнесе податоци за излезноста, а претходно соопшти дека до 18 часот на гласање излегле 49,29 проценти од запишаните избирачи.