Партијата на Петков апелира Генчовска да го потпише протоколот со С. Македонија

од Nikola Popovski
271 прегледи

Владеачката бугарска партја Продолжуваме со промените ја повика тамошната министерка за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска од партијата Има таков народ (ИТН) да го потпише билатералниот протокол со Северна Македонија и му се заблагодарија на тамошното МНР што „љубезно“ ги доставило преговарачките документи до парламентарната комисија за надворешни работи.

„Сите документи за преговарачкиот процес со Република Северна Македонија љубезно се доставени од Министерството за надворешни работи и министерката Генчовска до членовите на Комисијата за надворешна политика на Националното собрание, кои сега можат јавно да ги коментираат“, посочија од „Продолжуваме со промените“.

Претходно, партијата на бугарскиот премиер Кирил Петков истакна да се отстрани класификацијата „тајност“ од документите.

„Ја повикуваме министерката Генчовска да го отстрани тајниот печат. Го повикуваме и Министерството за надворешни работи што поскоро да го потпише билатералниот протокол што го договори министерката Генчовска – очекување што јавно го соопшти и министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи. “, инсистираат од ПП.

Се очекува во среда да се состане парламентарната комисија за надворешна политика и да разговара за ставот на бугарското МНР за сите очекувања во однос на предлогот на француското ротирачко претседателство со ЕУ.

Слични содржини