324
Демократскиот сојуз бара распуштање на парламентот и организирање нови избори, наместо гласање на уставните измени.
-Силната партизација на правосудниот систем во целина, службите за безбедност и другите институции задолжени за борба против криминалот, како и администрацијата, само ги зајакна перформансите на командното општество. За седум години не е спроведена ниту една реформа, само најави, манипулации, меѓусебни напади и популизам, велат од партијата на Павле Трајанов.
Според ДС, потребен е исчекор и 61 пратеник за организирање парламентарни избори.
-Да не губиме време, да го направиме тоa, велат од ДС кои од февруари годинава делуваат како опозициска партија иако претходно беа дел од владеачкото мнозинство.