„Пасат“ усмртил велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ и веднаш избегал од местото на несреќата

„Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот

од Vladimir Zorba
88 прегледи

„Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот.

По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот“ соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.