Пасошите со новото уставно име ќе се издаваат од 1. јули

од Берта Китинска
266 прегледи

Од 1. јули годинава, ќе почнат да се издаваат пасоши со новото уставно име – Република Северна Македонија, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вчерашната седница за пратенички прашања во Собранието.

„Во овој момент се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник започнуваме повторно со подготовка на издавање на сите документи, кои што ќе бидат усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име и со другите законски податоци“, рече Спасовски.

Како податок, министерот пред неколку дена посочи дека во мај се издадени 31.500 патни исправи, 22.552 лични карти и 10.663 возачи дозволи и дека во јуни побарувањето значително се зголемува и само во периодот од 20 до 30 јуни, има 31.500 повици и дадени термини за лични карти.

Слични содржини