Иако компанијата „Најк“ започнала со анти-расистичка кампања под слоганот „Не го прати тоа“ (Don’t do it), тоа не спречило да биде ограбена една од нејзините важни продавници во Чикаго среде тековните протести поради смртта на Џорџ Флојд. Луѓето кои учествувале на демонстрациите ограбиле продавница за спортска опрема за помалку од една минута, јавува „РТ“.
„Најк“ е меѓу неколкуте меѓународни конгломерати кои објавија порака на Твитер во која повикуваат на единство во чест на покојниот Флојд.
Без оглед на пораката, некои демонстранти влегле во водечката продавница на авенијата „Мичиген“ во Чикаго, ја опустошиле и демолирале, пишува „РТ“.
https://twitter.com/RT_com/status/1267058869727047680?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1267058869727047680&ref_url=https%3A%2F%2Frs-lat.sputniknews.com%2Fsvet%2F202005311122685776-Just-Dont-do-It-poharana-prodavnica-najki-u-cikagu-video-dzordz-flojd-protesti-napadi-nike-rt-demoliranje-cikago-policijski-cas%2F
На видеото објавено од РТ се гледа како толпата влегува низ скршен прозорец на продавницата и напуштајќи ја со полни раце производи и роба.
Според извештаите на локалните медиуми, скоро сите продавници во популарната шопинг-зона во Чикаго биле оштетени на некој начин, при што популарните брендови како што се Зара, Волгринс и други биле мета на крадци.
Покрај тоа, неколку полициски автомобили биле уништени во судирите меѓу властите и демонстрантите. Градот вовел полициски час што започнал во 21 часот по локално време.