Патиштата влажни, се препорачува внимателно возење

од desk2
96 прегледи

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по претежно влажни коловози. Како што информира ЈП „Македонија пат“, снег провејува на Попова Шапка и Стража, но во моментов не се задржува на коловозот.

На одредени патни правци кои минуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.