Полицијата информира дека на подрачје на Бит Пазар бил нападнат контролор на ЈСП.
Според МВР, на 05.04.2023 во 21.30 часот во СВР Скопје, С.А.(42) од Скопје пријавил дека околу 20.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, во автобус на ЈСП, додека извршувал контрола со негов колега, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.Н.(55) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следи пријава.