358
Јапонските здравствени служби планираат да ги пренесат туристите од крузерот „Дајмонд принцес“ во карантински објекти во Јапонија во момент кога е потврдено дека на бродот има уште 44 случаи на заразени лица.
Во првата фаза ќе бидат префрлени гости кои се најризични, вклучувајќи ги и старите лица кои претходно имале симптоми.
Јапонските здравствени служби ќе ги тестираат патниците и ќе бидат префрлени во локалните болници ако се позитивни на новиот коронавирус.
Патниците кои не се заразени ќе бидат префрлени во карантински објект или може да останат на бродот до крај на карантинскиот период, соопштија од компанијата.
Вкупниот број на заразени на бродот е околу 200 лица.