Македонската ракометна репрезентација немаше среќа во ждрепката за баражот за СП 2023 во Шведска и Полска. Го добивме најтешкиот можен ривал – Романците.
Првиот меч ќе се игра на домашен терен на 14. март, а вториот во Романија на 21. март.
Ако ја поминеме репрезентацијата на Романија, ќе се бориме за пласман на СП кон средината на април против селекцијата на Чешка.
Натпреварите со Чесите би го играле на 11. и на 17. април.
Македонија го заврши последното Европско првенство, кое се уште се игра, на 22-то место од вкупно 24 земји.